Серија А го одреди датумот за одигрување на откажаните мечеви поради смртта на папата

Поради смртта на папата Франциск, фудбалските натпревари во Италија кои требаше да се играат денеска беа одложени, а Серија А сега го објави новиот датум.

Откажаните мечеви ќе се играат во среда, на 23 април. 

Тоа се натпреварите Торино - Удинезе, Каљари - Фиорентина, Џенова - Лацио и Парма - Јувентус.

Ова нема да има влијание на полуфиналето од Купот на Италија. Мечот меѓу Интер и Милан ќе се игра исто така во среда.

А дуелот меѓу Болоња и Емполи ќе биде во четврток, како што претходно беше закажан.