Уште еден хендикеп за Борусија: Во финишот од сезоната без вториот стрелец во тимот

Европскиот вицешампион од минатата сезона Борусија Дортмунд вчера оствари важна победа против Менхегладбах, но остана без еден од своите најдобри играчи.

До крајот на сезоната, во тимот нема да биде 22-годишниот Максимилијан Бајер кој е втор стрелец на „милионерите“, а доживеда повреда на зглобот на десната нога. Остануваат уште четири меча во Бундеслигата во кои Борусија игра со Хофенхајм, Баер, Волфсбург и Кил, а тимот од Дортмунд нема право на кикс бидејќи е во жестока борба за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Во моментов Борусија е седмопласирана, но од четвртопласираниот Лајпциг ја делат само четири бода.