
Србите се главни во Ал Хилал – СМС дава голови, а Митровиќ ги „тепа“ ривалите (ВИДЕО)
Популарниот СМС во 31. минута го постигна својот десетти гол оваа сезона, по одлична асистенција од Ал Давсари, совладувајќи го противничкиот голман со прецизен удар. Неколку минути подоцна, во центарот на вниманието се најде и Митровиќ, откако влезе во вербален и физички конфликт со играчот на противничкиот тим, Хамдала. Инцидентот почна кога еден фудбалер на Ал Шабаб остана да лежи на теренот, по што Митровиќ застана во одбрана на соиграчот Малком и го одгурна Хамдала.
Ситуацијата ескалираше, па и двајцата добија жолти картони од судијата. Поради тоа натпреварот продолжи со зголемени тензии, а публиката беше сведок на уште едно дерби со многу емоции и жестоки дуели. Натпреварот заврши нерешено (2-2) со по уште еден гол на двата тима во второто полувреме.
ФОТО: X / AlHilal