
Мајсторка, па дури и пенали може да решаваат за тоа кој ќе биде шампион на Италија!
Ситуацијата се вжешти по поразот на „нероаѕурите“ од Болоња, што го израмни билансот на двата водечки тима. Доколку по последното коло двата клуба останат израмнети на табелата, шампионот ќе биде одлучен со „мајсторка“ на неутрален терен – новина што Серија А ја воведе од сезоната 2022. Тоа ќе биде решавачки меч без продолженија, во кој титулата ќе се решава директно на пенали ако нема победник по 90 минути. Овој формат не е преседан – во сезоната 1963/64, Болоња ја освои титулата токму преку бараж против Интер, победувајќи со 2-0 на Олимпискиот стадион во Рим.
Во последните пет кола, Интер ќе ги пречека Рома, Верона и Лацио, а ќе гостува кај Торино и Комо. Наполи пак има дуели дома со Торино, Џенова и Каљари, а патува кај Лече и Парма. На хартија, распоредот на Наполи делува поповолен. Дополнителен предизвик за „нераѕурите“ е настапот во Лигата на шампионите – тимот се наоѓа во полуфиналето и би можел да игра и финале, што може да го натера тренерот Симоне Инѕаги да ротира играчи и да ги штеди стартерите во првенствените мечеви.
ФОТО: X / @brfootball