Навивачите го исвиркаа Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го пропушти мечот против Атлетико Билбао, а не си помина најдобро на „Сантијаго Бернабеу“ каде што беше исвиркан од навивачите на Реал Мадрид.

Навивачите се гневни поради тоа што нивниот тим остана без шанса да ја освои титулата во Лига на шампиони (ЛШ), а засега има и негатива зад Барселона во Ла Лига.

Мбапе не играше на мечот против Билбао поради суспензија, а навивачите покажаа дека му се лути и го исвиркаа кога беше прикажан на големиот екран на стадионот.