
Се вжештува борбата за титулата: Болоња го победи Интер со гол во 94. минута (ВИДЕО)
Голот за победа, домаќините го постигнаа во 94. минута, а беше дело на Орсолини кој на фантастичен начин, со волеј, прифати една топка и ја смести во мрежата на „нераѕурите“. Натпреварот не беше исклучително динамичен и квалитетен, 85 минути на теренот не се случуваше ништо, а потоа Болоња даде гас, изврши притисок во шеснаесетникот на Интер и на крајот дојде до посакуваниот гол и триумф.
Со него, Болоња остана во игра за четвртото место на табелата кое води во Серија А, додека Интер му даде шанса на Наполи бодовно да се израмни и да ги направи последните пет кола максимално возбудливи.
Двете екипи сега имаат идентичен број бодови (71), меѓусебните дуели завршија со ист резултат (1-1), но Интер е во предност поради тоа што има гол-разлика +40, а Наполи +27.