Ливерпул го испрати Лестер во Чемпионшип и дојде на победа од титулата (ВИДЕО)

Лидерот на табелата во Премиер лигата, Ливерпул не дозволи изненадување на гостувањето кај Лестер иако славеше потешко од очекувањата со 1-0.

Големата доминација ја круниса Трент Александер Арнолд во 76. минута, пет минути откако влезе во игра како замена за Бредли. За надмоќта на Ливерпул најдобро зборува податокот дека играчите на Арне Слот упатија 28 шута од кои 10 во рамките на голот на Лестер, додека домашниот тим немаше ниеден удар.

Со оваа победа, Ливерпул се најде на една победа од шампионската титула и неа може да ја прослави веќе идниот викенд на домашен терен против Тотнем. Што се однесува до Лестер, денеска официјално ги загуби шансите за опстанок и идната сезона повторно ќе игра во Чемпионшип.