Сефте за сезонава: Зверев третпат го освои трофејот во својот Минхен!

Германскиот тенисер, Александар Зверев, триумфира на турнирот во Минхен, совладувајќи го Американецот Бен Шелтон (6-2, 6-4) во финалето одиграно денеска, кое траеше само еден час и 12 минути.

Со оваа победа, третиот светски рекет стигна до својата 24-та титула во кариерата и прва во 2025 година, освоена токму на неговиот роденден, што беше зачинето со автомобил БМВ како подарок. Зверев по третпат го освојува турнирот во родниот град, по претходните триумфи во 2017 и 2018 година. Ова беше втор меѓусебен дуел помеѓу овие двајца тенисери и втора победа за Германецот. Шелтон, кој се наоѓа на 15. место на АТП ранг-листата, остана со два освоени трофеи во кариерата.

АТП турнирот во Минхен се играше за награден фонд од 2,5 милиони евра.

ФОТО: X / @Alex_zverev02