
„На Ѓоковиќ му останаа само уште две шанси, за него ова е - последниот воз!“
Тие во својот подкаст ја анализираа моменталната форма на српскиот ас, потенцирајќи дека најголеми шанси за нова гренслем-титула има на Вимблдон и на Ју-Ес Опен оваа година. Надвор од тие турнири, велат, шансите изгледаат „нереално“.
„Мислам дека Вимблдон е неговата најдобра шанса. Ако успее да ја помине првата недела без многу проблеми, со неколку победи во три сета и малку среќа во ждрепката, може да оди до крај“, изјави Џонсон.
Тој додаде дека клучно ќе биде Новак да стигне до завршницата со доволно енергија, но дека се чувствува дека „во некој момент ќе му снема сила“. Иснер, пак, кој неодамна ја заврши професионалната кариера, беше уште поотворен во својата проценка.
„Се надевам дека грешам, но мислам дека има уште само две шанси – Вимблдон и Ју-Ес Опен оваа година. Потоа ќе биде многу потешко. Знаеме колку внимава на своето тело, но годините си го прават своето“, рече Иснер.
Тој додаде дека доколку Ѓоковиќ сервира како што тоа го направи во Мајами, има шанси да триумфира на Вимблдон.
„Но реално, оваа година за него буквално е последниот воз. Сè по тоа ќе биде навистина тешко“, истакна тој.
Ѓоковиќ лани играше финале на Вимблдон, а во моментов има освоено 24 грен слем трофеи – рекорд во машката конкуренција. Сепак, неговите последни настапи не се импресивни – пораз во финалето на Мајами од младата надеж Менсик, како и неочекуван пораз од Табилo на стартот на Мастерсот во Монте Карло.
ФОТО: NOVAK DJOKOVIC (X.COM)