
Зверев се измачи против Грикспор и избори полуфинале во Минхен
Првиот сет го одбележа жестока борба меѓу двајцата тенисери, а Грикспор го доби сетот со 8-6 во тај-брејкот. Во вториот сет беше идентично, меѓутоа Зверев успеа да се реваншира и со 7-3 во тај-брејкот израмни на 1-1 во сетови.
Зверев мораше да спаси четири брејк-топки на свој сервис во четвртиот гем, а потоа и да го казни Грикспор во седмиот со брејк (4-3), по што сервираше сигурно за триумф од 6-4.
Германецот во полуфинале ќе се бори против Марошан.