
Флик: Шокантно е колку федерацијата во Шпанија не се грижи за своите клубови!
Флик е бесен на календарот, смета дека федерацијата може да го корегира распоредот во полза на клубовите, но не го прави тоа.
„Секоја федерација или секоја лига се грижи за своите клубови, но тука не е така“, вели Ханси Флик.
„Играме, па се враќаме во 5-6 изутрина. Ова е неверојатно. Календарот не ни помага, не му помага ниту на шпанскиот фудбал“.
„Зошто да не играме од 18 часот? Вообичаено играме во тоа време, па зашто не и сега? Дајте ми една причина“.
„Сакам да знам кој е одговорен за ова. За мене ова е шокантно“.