Грузијка ја изненади Ѓорческа, Македонската тенисерка елиминирана во Словенија

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа беше запрена во второто коло на турнриот во Копер (Словенија) откако претрпе пораз од Екатерина Горгодѕе со 2-1 во сетови.

Ѓорческа влезе како благ фаворит во мечот, но Горгодѕе приреди изненадување и по победата над втората носителка ја елиминираше и македонската тенисерка.

Победата Грузијката ја обезбеди за точно два часа игра. Првиот сет и припадна на Горгодѕе со 7-5, додека во вториот Ѓорческа издоминира и не дозволи на противничката ниту гем (6-0).

Сепак, третиот одлучувачки сет донесе подобра игра на Грузијката која го освои сетот со 6-2 и така стигна и до конечен триумф. Турнирот во Копер се игра за награден фонд од 60.000 долари.