
Меси призна: Преговарал за враќање во Барселона!
Аргентинецот ужива во Мајами далеку од европскиот фудбал, меѓутоа секогаш е интересно да се слушне што има да каже.
Во своето последно интервју меѓу другото призна и дека по Мундијалот во Катар се преговарало за враќање во Барселона.
„Мојота цел по Светското првенство во Катар беше да се вратам во Барселона. Не можев да замислам да играм во било кој друг клуб. Сакав да се вратам во својот дом, таму каде што се започна. Меѓутоа повторно немаше таква можност. Одлуката за преселба во Мајами ја донесеов заедно со семејството, многу ми олесна што го освоив Светското првенство, почувствував дека освоив се што сакав“, изјави Меси.
Призна Меси и дека размислува за настап на Мундијалот во 2026.
„Би лажел ако кажам дека не размислувам за настап на Мндијалот во 2026 година. И понтаму се чувствувам одлично и верувам дека можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Оваа година ќе биде пресудна, ќе видиме што ќе донесе“, заклучи Аргентинецот.