Каталонците потврдија: Флик донел одлука за големата дилема во Барса

Иако Марк Андре Тер Штеген во целост се опорави и се врати на тренинзите, Ханси Флик нема намера да го менува Војчех Шчесни кој во овој момент е прв голман.

Оваа информација ја потврди денес каталонскиот „Спорт“ кој тврди дека не сакал ништо да ризикува по повеќемесечната пауза на Тер Штеген и дека нема причина да го менува Шчесни кој брани одлично.

Барселона со полскиот голман првиот пораз во 2025 година го доживеа дури минатата недела во Дортмунд, но тоа беше пораз и со кој помина во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Шчесни така ќе остане број еден до крајот на тековната сезона, додека во наредната сезона ќе се бори со Тер Штеген, а Ињаки Пења ќе биде продаден.

Ќе потсетиме, Барселона во случај да го врати Тер Штеген ќе мора да се откаже од Шчесни затоа што Полјакот беше регистриран како негова замена поради потешка повреда.