Херои на Манчестер јунајтед вчера беа - отпишаните!

Maнчестер јунајтед во неверојатно драматичен натпревар го победи Лион во вчерашното четвртфинале со 5-4, а најзаслужни за триуфмот беа Касемиро и Хари Мегваер, фудбалерите кои на „Олд Трафорд“ веќе беа „отпишани“.

„Нова лоша вест за Манчестер јунајтед: Касемиро сака да остане“, гласеше насловот на „Дејли Мејл“ кој во продолжение објасни зошто е лошо што Бразилецот одлучил да остане.

„Касемиро го шокираше Манчестер јунајтед со објавата дека сака да остане до крајот на договорот кој му обезбедува 300.000 фунти неделно до летото 2026 година. Тоа годишно значи 15 милони фунти, а „црвените ѓаволи“ сметаа дека ќе замине и така ќе се ослободи буџетот за плати“, објаснуваше островскиот медиум.

„Трансфермаркт“ го проценува на 12 милиони евра, а навивачите и јавноста во Англија сметаат дека тој повеќе не е фудбалер за Манчестер јунајед.

За Мегваер и не треба да се пишува премногу колку навивачите не се задоволни од него, меѓутоа вчера беа вистински херои на својот тим. На крајот за играч на натпреварот беше прогласен токму англискиот дефанзивец.

Касемиро успеа да намести три гола, додека Мегваер еднаш беше асистент и еднаш погоди. Останува да се види дали нивниот ваков настап ќе донесе и промена во размислувањето кај навивачите.