
Аморим: Во Премиер лигата ќе играме со деца
Резултатот од првиот натпревар во Франција беше 2-2, а вчера на „Олд Трафорд“ избраниците на Рубен Аморим славеа победа со 5-4.
Манчестер јунајтед имаше предност од 0-2, но Лион во вториот дел дојде до 2-2, а во продолженијата и со играч помалку поведе 2-4. Сепак во самата завршница од натпреварот, „црвените ѓаволи“ постигнаа три гола за победа.
„Гледав документарец за натпреварот на Манчестер јунајтед и Баерн Минхен од 1999 година за да добијам инспирација за вакви моменти. Ова беше голема ноќ. Мислевме дека е завршена, но вистината е дека никогаш не е готово. Чувствувам дека се е можно. На стадионот навивањето звучеше како најдобро во историјата. Жал ми е за луѓто што си заминаа кога губевме со 2-4“, изјави Аморим.
Португалскиот стратег најави и дека фокусот до крајот на сезоната ќе биде ставен на Лигата на Европа.
„Знам дека не играме добро и заслуживме критики, но имаме време да направиме нешто посебно оваа сезона. Ќе се сконцентрираме на Лигата на Европа и во Премиер лигата ќе ризиикуваме со деца. Се надевам навивачите тоа ќе го разберат“, истакна португалскиот стратег.