Детенце стана хит - од солзи до радост на „Олд Трафорд“ (ФОТО)

Манчестер јунајтед во неверојатен натпревар го елиминира Лион од Лига Европа и се пласира во полуфинале на елитното натпреварување, а на трибините едно детенце беше во центар на внимание.

Детето не можеше да ги запре солзите при негатива на „ѓаволите“ од 2-4 во продолженијата, кога премиерлигашот беше на праг до елиминација, но потоа гигантот се „крена од мртвите“ и го израдува момчето.