На „ѓаволите“ им е преку глава од Онана: Јунајтед тргнува по Мењан

Камерунскиот голман Андре Онана не ги оправда очекувањата во Манчестер Јунајтед и најверојатно ќе биде продаден на крајот од сезоната.

Медиумите во Англија тврдат дека менаџментот на „ѓаволите“ веќе имаат нова цел, а тоа е голманот на Милан, Мајк Мењан. Неговата вредност се проценува на околу 40 милиони евра, но интерес постои и од Челси и Астон Вила кои ќе бидат сериозна конкуренција на Манчестер Јунајтед.

Сепак, по се изгледа дека ни Милан, ни Јунајтед идната сезона нема да играат во Лигата на шампионите што би можело да влијае на одлуката на 30-годишниот голман кој има договор со „росонерите“ до 2026 година.