
Тензија во Минхен: За малку ќе се степаа тренерот на Баерн и Калиниќ (ВИДЕО)
Во финишот арбитрите имаа неколку чудни одлуки, пред се на штета на Звезда, а и актерите со своето однесување придонесоа мечот да биде на раб на инцидент. Тоа можеше да се случи и по завршувањето кога дојде до мешаница на центарот од игралиштето, а во главна улога беа ветеранот во редовите на гостинскиот тим Никола Калиниќ и тренерот на домашните Гордон Херберт. Србинот беше многу понервозен, како и сите во неговиот табор и којзнае што ќе се случеше ако не го смиреа кошаркарите од противничкиот тим Владимир Лучиќ и Данко Бранковиќ.
На прес-конференцијата по натпреварот, Херберт рече дека со Калиниќ зборувал за резултатите од натпреварите во хокеј, одиграни претходниот ден.