
Реванш натпревари во ЛШ: Треба да се случи чудо Барса и ПСЖ да не бидат полуфиналисти!
Барселона практично со „една нога“ е во полуфиналето бидејќи треба да се случи чудо за каталонскиот гигант да ја испушти предноста од 4-0 од првиот натпревар против Борусија.
Борусија можеби има предност со домашниот терен кој е поинаков од многу други клубови низ Европа, но тешко може да се верува дека ваква Барселона може да испушти предност од четири гола против „милионерите“ кои и не се во најдобра форма.
Нешто поголеми шанси за пресврт се даваат на Астон Вила која во вториот натпревар ќе „брка“ негатива од два гола од првиот натпревар во Париз каде што ПСЖ поебди со 3-1.
Вила игра одлично во последно време, меѓутоа ПСЖ во првиот натпревар доминираше, па секако ќе биде големо изненадување ако „светците“ вечерва ја испуштат стекната предност.
Двата натпревари се во терминот од 21:00 часот, додека утре на програмата се дуелите Баерн - Интер и Реал Мадрид - Арсенал.