Барселона ни со специјална покана не сака да игра на Светското клупско првенство

Иако постои можност да аплицира за пополнување на испразнетото место на Светското клупско првенство што претстојното лето ќе се одржи во САД, раководството на Барселона не сака да го направи тоа.

Како што е познато, мексиканскиот Леон беше исфрлен од натпреварувањето поради судир на интереси со друг клуб и на неговото место уште не е назначен нов учесник, на два месеца пред почетокот на првенството. Би требало тоа место да му припадне на клуб од КОНКАКАФ зоната, но излегоа шпекулации дека за него ќе аплицира Ал Наср, па Барселона итн.

„Каталонците“ имаат други планови за претстојното лето и периодот на подготовки, без разлика што ќе се случува до крајот на оваа сезона. Екипата ќе се подготвѕва во Кореја, каде се закажани дуели со Сеул, Џонбук и Сувон, а потоа и во Јапонија. За турнејата, клубот ќе заработи меѓу 15 и 25 милиони евра, сума што ќе биде мошне значајна за буџетот за идната сезона.