Албански борец освои злато на ЕП, па беше понижен при доделување на медали (ВИДЕО)

На Европското првенство во борење во Братислава, Чермен Валиев освои златен медал во категорија до 74 килограми слободен стил.

Во финалето беше подобар од Заурбек Сидаков со 4-2, по што на церемонијата за доделување на медали се случи скандал.

Првиот човек на боречкиот сојуз на Русија, Михаил Мамиашвили ги го врачил медалот на Валиев со навреди, а притоа наводно го нарекол „предавник“ поради тоа што новиот шампион ја напушти руската федерација и реши да се натпреварува за Албанија.

Овој инцидент предизвика реакција од Олимпискиот одбор на Албанија, која најави жалба до меѓународните спортски организации.