
Трет пораз по ред за Жирона: Миовски остана на клупа против Осасуна
Жирона погоди во 26. минута, но голот беше поништен поради офсајд, по што Будимир во 38. минута донесе предност за Осасуна.
Ибанез беше стрелец на вториот погодок за Осасуна во 79. минута од средбата, додека Жирона стрелаше преку Асприла во судиското надополнување за конечни 1-2.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не доби шанса на теренот и остана на клупата за резерви.
Осасуна е на 12. место со 38 бодови, додека Жирона се наоѓа на 16. позиција со 34 поени.
Фото: EPA PHOTO