Барселона добива големо засилување во финишот од сезоната (ФОТО)

Каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде да освои неколку пехари оваа сезона, а во нејзината завршница ќе има помош од шпанскиот репрезентативец Дани Олмо.

Олмо пропушти неколку меча на Барселона поради повреда, меѓутоа успешно се рехабилитира и сега е подготвен за нови предизвици.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Олмо ќе биде подготвен за реваншот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони (ЛШ).