Динамо им се врати на победите, Адеми погоди против Осиек (ВИДЕО)

Динамо Загреб конечно победи во хрватската лига, откако вечерва со 2-0 на домашен терен го надигра Осиек во 29. коло од шампионатот.

Домаќините одиграа одличен натпревар против Осиек, а до водство стигнаа преку Сучиќ во 22. минута од мечот, додека Адеми во 69. минута стрелаше за конечни 2-0. Додека на натпреварот настапи и македонскиот интернационалец Стефан Ристовски.

Динамо се наоѓа на третата позиција со 49 бодови, додека пред себе ги има Риека со 53 и Хајдук со 54 поени.