Драматична сцена: Алонсо во Бахреин остана без волан - додека возеше! (ВИДЕО)

Легендарниот шпански возач, Фернандо Алонсо во текот на вчерашниот тренинг пред трката за Големата нагада на Бахреин се соочи со необичен проблем.

Кариерата на Алонсо трае 25 години, но веројатно досега не му се случило да остане без волан во текот на возењето, токму тоа му се случи вчера во Бахреин.

За среќа во тие моменти Шпанецот не возеше со голема брзина, а имаше среќа и што се најде во дел од патеката каде што има поголем простор, па не заврши во ѕидот и имаше време да реагира.

Денес во Бахреин се вози третиот тренинг од 14:30 часот, квалификациите се на програмата од 18:00 часот, додека трката е закажана за утре од 17:00 часот.