Алкараз со пресврт го елиминира Серундоло од Монте Карло

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во осминафинале на мастерсот во Монте Карло, откако со 2-1 во сетови го надигра Франциско Серундоло.

Серундоло ги искористи проблеми на Алкараз во првиот сет и со два брејка едно по друго стигна до 4-2, по што сервираше за 6-3 во сетот.

Алкараз се налути и одговори моќно во следниот сет со 6-0, додека во третиот беше подобар со 6-1 и се пласира во осминафинале.

Шпанецот за четвртфинале во Монте Карло ќе се бори против Алтмајер, кој претходно со 2-1 во сетови го победи Гаске.

Фото: EPA PHOTO