Ла Лига се жали на одлуката дека Олмо може да игра за Барселона

Шпанската лига поднесе административна жалба против одлуката на Националното спортско собрание со која се дозволува на фудбалерите на Барселона, Дани Олмо и Пау Виктор да играат до крај на сезоната.

Највисокото спортско тело во Шпанија неодамна донесе одлука која ја израдува Барселона, меѓутоа шпанската Ла Лига не се предава и бара итна судска реакција.

Хавиер Тебас смета дека со оваа одлука биле прекршени правилата и се нарушува интегритетот на натпреварувањето, но го крши и принципот на еднаквост меѓу клубовите.

Ла Лига претходно ѝ издаде на Барселона привремени лиценци за Олмо и Виктор до 31 декември, но потоа ги повлече.