Eкс-фудбалерот на Ливерпул избегнал трагедија - фрлиле бомба врз неговата куќа!

Врз куќата на поранешниот фудбалер на Ливерпул, Јоси Бенајнун во неделата навечер била фрлена бомба, пренесуваат израелските медиуми.

Бенајун заедно со своето семејство бил во куќата во Рамат Хашарон кој се наоѓа северно од Тел Авив кога бил потресен од експлозијата. Инциденетот се случил околу 23:00 часот во неделата, а напаѓачот застанал со мотоцикл пред куќата и ја фрлил експлозивната направа.

Израелецот ја слушнал експлозцијата и бил видно потресен, но прво претпоставувал дека се работи за плинска боца. За среќа никој не бил повреден, но бил предизвикан пожар по што морале да интервенираат противпожарните екипи.

Исто така од пожарот била предизвикана и материјална штета.

Фото: ЕPA PHOTO