Без победник во пресметката на Чурлинов и Костадинов во Полска

Пресметката помеѓу Јагелонија и Пјаст каде што настапуваат македонските фудбалери Дарко Чурлинов и Тихомир Костадинов заврши без победник (1-1)

Двајцата ги одиграа комплетните 90 минути, а поблиску да се запише во листата на стрелци беше Чурлинов. Посебно во вториот дел Чурлинов констатно беше закана за противничкиот гол и влезе во две-три одлични прилики, но не успеа да реализира.

Јагелонија прва дојде до водство преку Војтужчек, додека конечните 1-1 во вториот дел ги постави Гејл.

За Јагелонија која е трета на табелата со 53 бода, два помалку од лидерот Раков ова беше втор натпревар без триумф по поразот во минатото коло од Легија, додека Пјаст го освои првиот бод по трите порази во низа.