Борац го доби дербито со Сараево, „чиста мрежа“ за Шишковски!

Борац Бања Лука триумфира во дербито против Сараево (2-0) во 22. коло од босанскиот шампионат, а македонскиот голман Дамјан Шишковски имаше „чиста мрежа“.

Головите за победа на гостите ги постигнаа Вуковиќ во третата и Деспотовиќ во 67. минута, додека Сараево имаше сериозни закани кон голот на Борац, меѓутоа Шишковски беше на висина на задачата.

Екипата на Шишковски по 22 одиграни кола има 54 бодови, односно три помалку од лидерот Зрињски.