Црвена Звезда со 18-годишен плејмејкер ќе проба да го освои братскиот дел од Атина!

Екипата на Црвена звезда се соочува со сериозни кадровски проблеми пред гостувањето кај Олимпијакос, најдобриот тим во Евролигата оваа сезона, но и покрај тоа белградскиот тим ќе се обиде да приреди изненадување во Пиреј.

Тренерот Јанис Сферопулос решил во тимот да го вклучи младиот Андреј Костиќ (18 години), кој сè уште го чека својот дебитантски настап во Евролигата. Во составот очекувано нема да биде Филип Петрушев, кој поради договор со Олимпијакос нема право да настапи на средбите помеѓу овие два тима. Поради повреди, пак, во Белград останаа и Лука Митровиќ, Џоел Боломбој и Мајк Даум.

Натпреварот е закажан за в четврток од 19 часот.