Се враќа на сигурно: Димитријевиќ пред потпис со клубот во кој најмногу блескаше!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, е на чекор до враќање во клубот во кој одигра неколку блескави сезони – рускиот прволигаш Уникс.

Според руските медиуми, тимот од Казањ веќе стапил во контакт со македонскиот плејмејкер за негово евентуално враќање и тоа во најбрз можен рок. Според претходните информации, Димитријевиќ во моментов води преговори со неговиот сегашен тим Олимпија Милано за раскин на договорот.

Македонецот го носеше дресот на Уникс во периодот од 2022 до 2024 година, а во 2003 година стана шампион во ВТБ лигата. Тој сезонава одигра 25 натпревари за Олимпија Милано во Евролигата, со просек од 7,9 поени, 1,6 скока и 3 асистенции по натпревар.