
Фудбалерите и покрај големата тага продолжуваат со тренинзи (ФОТО)
Подготовките за Лихтенштајн и Велс кои почнаа вчера, продолжија денеска по претходно утврдениот распоред. Македонските фудбалери го одржаа денешниот тренинг во атмосфера каква што е во целата држава.
Македонија во сабота од 15 часот му гостува на Лихтенштајн, а три дена подоцна го пречекуваме Велс.