Ла Лига одреди скандалозен нов термин за дуелот на Барса и Осасуна, двата клуба го одбија

Барселона и Осасуна требаше да се сретнат пред десетина дена, но нивниот дуел беше одложен поради смртта на главниот лекар на каталонскиот клуб.

По еднонеделно размислува, Ла Лига денеска го одреди 27 март како термин за негово одигрување, но ваквата одлука предизвика револт кај двата клуба кои одбиваат тогаш да се сретнат. Барселона не е задоволна затоа што треба да игра без своите јужноамерикански фудбалери Рафиња и Араухо кои ден претходно имаат репрезентативни обврски. Многу поголем е проблемот кај Осасуна која за 28 март има закажан меч со Атлетик Билбао на Сан Мамес.

Од Барселона објавија дека ќе ја обжалат одлуката, а од Осасуна дека нема шанси да прифатат затоа што треба за 24 часа да играат два меча на различни краеви од Шпанија.

Прашање е дали Ла Лига ќе успее да најде нов термин бидејќи Барселона има згуснат распоред до крајот на сезоната и единствено би можела да биде слободна меѓу претпоследното и последното коло, кон средината на мај.