Во Вадуц да нема навивање, сите да бидат во црно!

Фудбалската репрезентација на Македонија со гостувањето во Лихтенштајн во сабота ќе ги почне квалификациите за Светското првенство, кога играме со оваа селекција во Вадуц вообичаено има многу наши навивачи, па така се очекува да биде и овојпат.

Македонските фудбалер овој меч ќе го играат во перид кога во нашата земја се прогласени денови на жалост по ужасната трагедија која се случи во Кочани.

Поради целата ситуација во која се наоѓа Македонија, упатен е апел до нашите навивачи кои ќе бидат во Вадуц, да бидат облечени во црно во чест на загинатите од пожарот во дискотеката „Пулс“. Да нема навивање, натпреварот мирно да се проследи.