Болоња го понижи Лацио (ВИДЕО)

Фудбалерите на Болоња славеа убедлива победа над Лацио со 5-0 во рамките од 29. коло во Серија А.

Резултатот на натпреварот беше отворен по само 16. минути игра кога Одегард погоди и тоа беше единствениот гол во првото полувреме.

Преостанатите четири погодоци беа постигнати во второто полувреме и тоа преку Орсолини, Ндоје, Кастро и Фабиан.

Болоња со овој триум го прескокна Јувентус на табелата и сега е четврта со 53 бода, но „старата дама“ има натпревар против Фиорентина кој го игра вечерва.