Ужас: Почина фудбалерот Андреј Лазаров!

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров кој беше пренесен во болница по тешките повреди од здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани, за жал им подлегнал на повредите.

Иако од редовите на Шкупи претходно информираа дека Лазаров е во на интезивна нега и надвор од животна опасност, сепак неговата состојба се влошила и за жал го загубил животот.

Во кариерата Лазаров настапуваше за Металург, Работнички и Тиквеш во Македонија, а беше дел и од хрватските Рудеш и Горица.

Животот го загуби на 25-годишна возраст.