
РФМ побара, ЕХФ не дозволи одложување на мечот Словенија-Македонија!
ЕХФ немаше слух за огромната трагедија која се случи во Македонија, во која животот го загубија најмалку 59 лица, а над 155 се повредени.
„Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот помеѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше оддобрено. Натпреварот ќе започне со минута молк“, соопшти РФМ.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија е закажан за 18.30 часот.