Шкупи со детали: Андреј не е во животна опасност, но има изгореници по телото!

Македонскиот прволигаш Шкупи соопшти детали за состојбата на фудбалерот Андреј Лазаров, кој се здоби со повреда во големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа над 50 лица.

Шкупи информира дека фудбалерот е надвор од животна опасност, меѓутоа има изгореници по телото.

„Ве известуваме дека Андреј Лазаров е надвор од животна опасност, иако се наоѓа на интензивна нега откако се здоби со изгореници на телото. На Андреј му посакуваме брзо закрепнување, а воедно во ова тешко време изразуваме најдлабоко сочувство за загинатите лица во оваа трагедија“, соопштија од Шкупи.