Денвер пак загуби од вториот најлош тим во лигата (ВИДЕО)

Екипата на Денвер Нагетс имаше можност да им избега на ривалите на второто место на табелата во Западната конференција, но ноќеска доживеа уште еден неочекуван пораз од Вашингтон Визардс.

Како гости, Вашингтон славеше со 126-123 за својот само 15. триумф во сезоната, а до него дојде со шут во последната секунда. При резултат 123-123, Пул шутираше од околу десет метри преку Вестбрук и му донесе победа на тимот од главниот град на САД.

 

 

Повторно блескаше Јокиќ, но уште еднаш неговата игра не беше крунисана со триумф. Постигна 40 поени од кои 20 во првата четвртина, плус 13 скока и 9 асистенции. На крајот повеќе вредеа кошевите на Сар (34 поени), Пул и Џорџ (по 19).

РЕЗУЛТАТИ
Денвер - Оклахома 107-113
Хјустон - Чикаго 117-114
Мемфис - Мајами 125-91
Милвоки - Индијана 126-119
Голден Стејт - Њу Орлеанс 97-94
Сан Антонио - Њу Орлеанс 119-115
Денвер - Вашингтон 123-126