Ѓоковиќ испрати порака за студентите, власта нема да е среќна!

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ им се придружи на плејадата српски спортисти кои последните денови им дадоа поддршка на српските студенти во борбата против власта во земјата.

На социјалните мрежи, тој објави фотографии од денешните протести во Белград, едната напиша „Србија“, а на втората „Историја, величествено“. Тоа не е негова прва порака за поддршка на студентите бидејќи слични испраќаше и за време на Австралија Опен, како и на еден кошаркарски натпревар во Белград, но сега ги повтори, на задоволство на огромен број граѓани на Србија.

Претходно, на страната на студентите застанаа уште голем број српски спортски легенди: Дејан Бодирога, Владе Дивац, Александар Ѓорѓевиќ, Ивана Шпановиќ, Богдан Богдановиќ итн.