
Кари продолжува да ја менува историјата - прв играч со 4.000 тројки во НБА (ВИДЕО)
На ноќешниот натпревар против Сакраменто, кој Вориорс го добија со 130-104 и ја продолжија победничката серија, Кари ја достигна границата од 4.000 тројки во кариерата. Тој одамна е најдобар тројкаш во историјата на лигата, но неговите достигнувања тешко дека некогаш ќе бидат надминати.
До историската тројка стигна во четвртата минута од третата четвртина, а со тоа делумно го покри релативно лошиот настап на овој меч бидејќи постигна само 11 поени за 30 минути во игра. Сепак, на најдобар начин го најави својот 37 роденден бидејќи со јубилејот дојде на само неколку часа пред неговото одбележување. Најефикасен во неговиот тим беше Дрејмонд Грин кој постигна 23 поени, додека Куминга стигна до 18.
Ова беше шести триумф по ред за Голден Стејт и 11. на последните 12 натпревари со што си ги зголеми шансите за директен пласман во плејофот. Сакраменто е на деветтото место, но влезе во лоша серија бидејќи ноќеска го доживеа третиот пораз во низа и четврти на последните пет меча.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит - Вашингтон 125-129
Милвоки - ЛА Лејкерс 126-106
Чикаго - Бруклин 116-110
Њу Орлеанс - Орландо 93-113
Голден Стејт - Сакраменто 130-104