
Роналдо се откажа од трката за прв човек на бразилскиот фудбал
Роналдо нема доволно голема поддршка против актуелниот претседател Едналдо Родригез и поради тоа реши да ја повлече кандидатурата.
„Федерациите одбија да ме примат во своите седишта, односно тврдеа дека се задоволни со актуелниот претседател. Не успеав да го претставам својот проект. Немаше простор за дијалог. Јасно е дека немам шанси да се кандидирам“, кажа Роналдо.