Салах се израмни со Џерард, пред него е само Карагер

Ливерпул и ПСЖ вечерва играат проодолженија во битката за четвртфинале во Лигата на шампионите, а без разлика каков исход ќе има натпреварот, Мохамед Салах веќе испиша историја.

Имено, Египќанецот во вечерашниот натпревар се израмни со Стивен Џерард по бројот на настапи во Лигата на шампионите, двајцата имаат по 73.

Пред Салах сега е само Џејми Карагер со 80.