Рушевиќ од пенал го „реши“ Тиквеш, Работнички им се врати на победите (ФОТО)
Со овој триумф Работнички им се врати на победите откако во претходните две кола ремизираа со Гостивар и беа поразени од Вардар. Во денешниот натпревар одлучувачкиот момент се случи во финишот од првиот дел кога дебармаалци добија пенал кој во гол го претвори Анес Рушевиќ.
Голема прилика за гостите од Кавадарци да останат непоразени во натпреварот кој се играше на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ пропушти дефанзивецот Миловановиќ кој во 88 минута со глава од идеална позиција шутираше покрај голот.
На табелата Работнички е четврти со 44 бода, додека Тиквеш води битка за опстанок и на 10-тата позиција во опасната зона со 18 бода, колку што има и Воска и три помалку од Брера.
РЕЗУЛТАТИ 23. КОЛО:
Гостивар - Брера 2-2
Шкендија - Пелистер 1-0
Шкупи - Беса 2-3
Силекс - Вардар 1-1
Струга - Воска Спорт 1-0
Работнички - Тиквеш 1-0