Ѓорческа со победа стартуваше во Унгарија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа во првото квалификациско коло го почна настапот на ИТФ фјучрсот во Секешфехервар,Унгарија.

Ѓорческа денеска ја победи домашната тенисерка Мелинда Биро со 2-0 во сетови. Македонската загуби само три гејма, беше 6-3 и 6-0.

Турнирот се игра во сала на земјена подлога и е за нагарден фонд од 60.000 долари. Ѓорческа е рангирана како втора носителка на квалификацискиот турнир.

Утре за пласман на главниот турнир Ѓорческа ќе игра против Романката Андреа Присакариу (25 години, 476 место ВТА), која во денешниот меч од првото коло од квалификациите ја совлада Унгарката Грета Фенивес со 2-0 во сетови.