Мајсторија на Фернандес: Олд Трафорд уште од времето на Бекам не видел ваква магија (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед води со 1-0 по првото полувреме од дуелот со Арсенал, благодарение на голот на Бруно Фернандес во судиското продолжение.

Португалскиот репрезентативец, кој е можеби единствената светла точка во тимот на Јунајтед оваа сезона, го отвори резултатот со фантастичен слободен удар од над 20 метри.

Неговиот удар заврши во горниот лев агол од голот на Арсенал, а на Олд Трафорд се вратија споменија од времето кога црвениот дрес го носеше легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам кон крајот на минатиот и почетокот на овој век.