Мбапе и Винисиус погодија, Лунин спасуваше во финишот - Реал победи (ВИДЕО)

Реал Мадрид не дозволи уште едно изненадување и на домашен терен успеа некако да го совлада Рајо Ваљекано со 2-1.

Карло Анчелоти настапи безмалку во најсилниот состав што го има во моментов, со исклучок на Куртоа кој доби одмор, но Реал требаше добро да се испоти за да дојде до важни три бода. Се чинеше дека нема да има проблеми откако во периодот од 30. до 34. Мбапе и Винисиус му донесоа предност од 2-0, но проблеми направи погодокот на Дијаз пред истекот на првото полувреме со кој Рајо ја намали негативата.

 

 

Во второто полувреме, гостите притиснаа со сите сили, имаа неколку шанси за израмнување, но Лунин се истакна во клучните моменти. Играта на Реал беше далеку од посакуваната, но на крајот се бројат трите бода пред реваншот против Атлетико во Лигата на шампионите.

Со оваа победа, Реал го помина Атлетико и се израмни со Барселона по бројот на бодовите, но со натпревар повеќе, како и со далеку полоша гол-разлика поради што е на втората позиција.