
По пет кола, Наполи се израдува на победа (ВИДЕО)
Тоа е прв триумф за Наполи по пауза од шест недели, односно по 25 јануари кога го победи Јувентус пред своите навивачи. Во меѓувреме тимот на Антонио Конте одигра пет меча, на четири од нив ремизираше, а загуби од Комо со што падна на втората позиција на табелата.
Денеска, клучен играч во победата против Фиорентина беше Лукаку кој го постигна првиот и асистираше до Распадори за вториот гол. По еден час игра Наполи водеше со 2-0, Гудмундсон подоцна ја врати неизвесноста, но Фиорентина не успеа да се избори барем за бод.
Наполи со оваа победа го задржа чекорот со лидерот Интер и двете екипи се уште се на еден бод негатива.